Линкови за пристапност

Јужна Кореја спроведува воена вежба со артилериско оружје


Јужна Кореја спроведува воена вежба со артилериско оружје
Јужна Кореја спроведува воена вежба со артилериско оружје

При слична вежба минатиот месец, Северна Кореја стрелаше со артилериско оружје врз јужнокорејски остров, при што загинаа четири лица

Претседателите на САД и на Кина дискутирале за растечката напнатост на Корејскиот Полуостров во време кога Јужна Кореја започна петдневна вежба со артилериско оружје.

При слична вежба минатиот месец, Северна Кореја стрелаше со артилериско оружје врз јужнокорејски остров, при што загинаа четири лица.

Кинескиот претседател Ху Џинтао изразил длабока загриженост во синоќешниот телефонски разговор со претседателот Барак Обама. Ху, според цитати, повикал на „мирољубив и рационален одговор од сите страни“.

Американскиот официјални лица велат дека претседателот Обама го повикал Ху да испрати јасна порака до Северна Кореја дека „нејзините провокации се неприфатливи“.

XS
SM
MD
LG