Линкови за пристапност

„Сродни души“ прикажан во Флорида


„Сродни души“ прикажан во Флорида
„Сродни души“ прикажан во Флорида

Документарецот на режисерката Марија Макеска сведочи за погромот на македонските Евреи

Во Центарот за архивирање и едукација за Холокаустот во Форт Лодердејл, сојузната држава Флорида, неделата се прикажа документарниот филм „Сродни души“ на македонската режисерка Марија Макеска која живее во Детроит. „Сродни души“ е сведоштво за погромот на македонските Евреи за време на Втората светска војна.

30-минутниот документарец е со емотивен набој за голготата. Младата Макеска се инспирирала од раскажувањата на нејзината баба - сведок на погромот на Евреите од Македонија. Ова е филм за пријателство меѓу две девојчиња од разни вери, вистинско, искрено, длабоко...

Едното од нив доживеало да раскажува за другото.

Документарецот користи и историски податоци за мерките на тогашната окупаторска власт против еврејската заедница во Македонија.

Ова е прв официјален филм за македонските Евреи, за врската меѓу двата народа, македонскиот и еврејскиот, што не е раскината и покрај нацистичкото зло.

Филмот на Макеска на наполни салата во Флорида со преживеани од Холокаусот кои со солзи се навраќаа на мачните моменти.

Поуката од Холокаусот - никогаш да не се повтори - одекнува и денес. Во рамки на Центарот за архивирање и едукација за Холокаустот во Форт Лодердејл, 13-годишниот Дејвид од Флорида, кој беше на проекцијата на филмот, добро ја знае вредноста на еден цент. Си задал задача да собере 6 милиони центи – по еден за секој загубен човечки живот во холокаустот. Досега собрал 1,5 милиони центи.

XS
SM
MD
LG