Линкови за пристапност

Сорос додели 100 милиони долари на Хјуман рајтс воч


Воч наведува и дека Сорос ќе ги даде парите во рок од 10 години и дека ја повикал организацијата да собере уште 100 милиони долари од други приватни донатори.

Американскиот милијардер – финансиер и филантроп Џорџ Сорос додели 100 милиони долари на Хјуман рајтс воч. Во изјавата објавена вторникот, Воч вели дека Сорос ја доделува помошта преку Фондацијата отворено општество која ја основаше за да промовира толеранција и и демократија ширум светот.

Воч наведува и дека Сорос ќе ги даде парите во рок од 10 години и дека ја повикал организацијата да собере уште 100 милиони долари од други приватни донатори. Хјуман рајтс воч не прима владини средства.

Организацијата со седиште во Њујорк вели дека парите ќе бидат наменети за отворање на регионални канцеларии ширум светот и користење на влијанието што го има за да ги насочи земјите кои се појавуваат како нови сили во насока на почитување на човековите права.

Сорос кажа дека Хјуман рајтс Воч е „една од најефикасните организации која ја поддржувам“ како и дека човековите права се во срцето на сите отворени општества.

XS
SM
MD
LG