Јапонската женска фудбалска репрезентација е нов светски шампион. Јапонките беа поуспешни од Американките по подоброто изведување на пенали - 3:1, откако продолжението и регуларниот дел на натпреварот завршија нерешено - 2-2 и 1-1.
Ова е прва победа на еден азиски тим на женскиот Мундијал.
САД не успеаја да станат првата селекција која освоила три светски првенства. Американките победија на турнирите во 1991-ва и 1999-та.
ФИФА ја рангираше репрезентацијата на САД на првото место според годинашниот учинок, со што важеа за голем фаворит во финалето кое се одигра во Франкфурт, Германија.
На патот од финалето, САД со гол во последните секунди од натпреварот против Бразил се пласираа во полуфиналето, каде ги победија Французинките.
Јапонија дојде до финалето со победата против Шведска. Во четвртфиналето, Јапонките го изненадија домаќинот Германија.