Линкови за пристапност

Сноуден: нема шанси Русија и Кина да дошле до доверливите информации од НСА


Во интервју за Њујорк тајмс тврди дека ги заштитил податоците што ги имал со себе

Едвард Сноуден, поранешниот договорен соработник кој откри информации дека Агенцијата за национално разузнавање (НСА) ги шпионира своите граѓани, вели дека нема никакви шанси Русија и Кина да дошле до строго доверливи документи од Агенцијата.

Во интервју за Њујорк тајмс, Сноуден наведува дека ги дал сите доверливи документи од НСА што ги имал со себе на новинари во Хонг Конг, уште додека бил таму. Тој тврди дека дека би било против јавниот интерес да ги зел со себе, на летот за Москва. Поранешниот разузнавач истакнува дека има искуство со кинеското кибернетско контраразузнавање и дека НСА е свесна дека ги заштитил строго доверливите инфорации, да не завршат кај кинеските шпиони.

Сноуден пребега во Хонг Конг, а оттаму за Москва откако обелодени информации за тајната програма за шпионирање на НСА. Рускиот претседател Владимир Путин му даде едногодишен азил, што ги разгневи САД. Официјален Вашингтон бара тој да биде испорачан, за да биде изведен пред суд.

Агенцијата за национално разузнавање ја брани тајната програма, истакнувајќи дека помогнала да се спречат неколку големи терористички заговори.
XS
SM
MD
LG