Ново големо снежно невреме ги блокираше главните патни правци и ги парализираше системите на јавниот сообраќај долж источниот брег на САД.
Невремето со силно темпо вчера во раните утрински часови истури до 25 сантиметри снег во Вашингтон и околината, создавајќи хаос во сообраќајот при враќањето од работа. Многумина беа заглавени на главните сообраќајници со часови.
Стотици илјади домови останаа без електрична енергија поради пукање на електрични кабли како резултат на снегот и мразот. Хеликоптерот на претседателот Барак Обама, на враќање од сојузната држава Висконсин, поради невремето слета во воздухопловната база Ендрјус во близина на Вашингтон. На претседателот потоа му требаше цел час со автомобил за да стигне до Белата куќа.
Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг објави вонредна состојба поради опасноста од снежен нанос од најмалку 60 сантиметри. Њујорк веќе искуси големо снежно невреме кон крајот на декември, кога Големото јаболко осамна под снежна покривка од 90 сантиметри.
Откажани летови има на аеродромоите во Њујорк, Бостон и Филаделфија. Прекинат е и железничкиот сообраќај на линија Њујорк - Бостон.
Денес не работат стотици училишни системи.