Американците потрошиле рекордни 30,8 милијарди долари купувајќи преку Интернет оваа сезона на празници, соопшти истражувачката организација КомСкор. Тоа претставува пораст од 13,8% во однос на минатата година. Од 20-ти до 26-ти демекври, пак - неделата кога паѓа Божиќ во САД - износот нараснал дури на 17%.
КомСкор го следела купувањето на Интеренет во 56-дневен период што завршил заклучно со 27-ми декември. Најповеќе скокнала продажбата на компјутери - за 23%, на книги и магазини - за 22%, на компјутерски софтвер - за 20%, и на играчки - за 16%.