Линкови за пристапност

Армијата на САД со нов фокус на сексуалното насилство


Секретарот за одбрана вели дека сексуалните напади се закана за жените и мажите во униформа и Пентагон мора да стори повеќе

Американскиот секретар за одбрана Чак Хагел изјави дека сексуалните напади се закана за жените и мажите во униформа и Пентагон мора да стори повеќе за искоренување на културата која ги обесхрабрува жртвите да проговорат за тоа.

Хегел рече дека наредил поголем фокус на програмите за превенција, вклучувајќи планови за ревидирање на продажбата на алкохол и на политиката.

Извештаите за сексуални напади врз припадници на армијата пораснале за 50 проценти откако Пентагон започнал ригорозна кампања за охрабрување на жртвите да проговорат, според годишниот извештај за состојбата со сексуални напади.

Ова беше главна тема за армијата, Конгресот и владата на претседателот Обама изминатата година, иницирајќи серија конгресни распити и постојано испитување за тоа колку ефикасно армијата спречува и гони вакви напади, и како ги третира жртвите.
XS
SM
MD
LG