Линкови за пристапност

Сенаторот Крис Марфи за улогата на САД на Западниот Балкан


Сенаторот Крис Марфи за евроатланските интеграции и поддршката од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Дебата во Германскиот Маршалов план на САД во Вашингтон за евроатлантската интеграција

Демократскиот сенатор од Конектикат и член на Комисијата за односи со странство, кој неодамна се врати од посета на регионот на Западен Балкан, изнесе видување на сегашната состојба правејќи паралела со времето пред 10-тина години. Марфи кажа дека американските инвестиции на Балканот се сигурни, но предупреди дека тамошните земји и натаму имаат проблеми со реформите во судскиот систем и корупцијата. САД, смета сенаторот, може да помогнат со достава на природен гас до Балканот, како конкуренција на рускиот. За евроатланската интеграција, рече дека нема алтернатива на политиката на отворена врата.

На прашање на Гласот на Америка на македонски, дали САД можат да го реанимираат процесот на преговори за спорот околу името меѓу Македонија и Грција, со оглед на повеќегодишниот застој на ова поле, заради што Македонија останува надвор од НАТО и ЕУ, Марфи рече дека нема нов одговор на тоа што помошничката-државна секретарка за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд веќе го кажа по ова прашање.

Работите „треба да се одвиваат по редоследот - прашањето најпрвин да се реши, а потоа да се премине на евро-атлантската интеграција“, рече сенаторот, додавајќи дека ќе се залага „владата да биде вклучена во процесот“.

На новинарска имликација, дали евентуалното повлекување на Македонија од преговорите може да предизвика загриженост во Вашингтон, Марфи одговори потврдно и елаборираше: „Внимателно ја следиме ситуацијата. Се надевам дека Сенатската поткомисија за европски прашања ќе продолжи да го разгледува Охридскиот договор, нешто што треба да заживее во наредните месеци. Ќе ги советувам водачите на Сенатската комисија за надворешни работи, сенаторите (Боб) Коркер и (Роберт) Менендез да вимаваат на целиот регион, но особено на Македонија. Има растечка фрустрираност, но сега не е време да запре напредокот или за свртување од НАТО и ЕУ“.

Враќајќи се на регионот, Марфи смета дека невработеноста во регионот е горливо прашање, и има пошироко влијание врз регрутирањето на терористи во овој дел од Европа.

XS
SM
MD
LG