Линкови за пристапност

Воиновиќ: Да се искористи можноста за решавање на спорот околу името во наредните неколку месеци


Воиновиќ: Да се искористи можноста за решавање на спорот околу името во наредните неколку месеци
Воиновиќ: Да се искористи можноста за решавање на спорот околу името во наредните неколку месеци

Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, тој сугерираше дека можеби ќе нема слична можност во догледна иднина

Сенаторот Џорџ Воиновиќ смета дека сега е поволен момент да се најде решение за спорот околу името. Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, тој сугерираше дека можеби ќе нема слична можност во догледна иднина:

„Во октомври, ние, неколкумина сенатори се сретнавме со грчкиот премиер Папандреу, кој индицираше дека е заинтересиран и дека сака да стори нешто. Мислам дека постои можност која не беше присутна порано. Исто мислам дека премиерот Груевски знае дека ова можеби е најдобрата можност за Македонија да постигне нешто што би било прифатливо за македонскиот народ и би било мошне важно доколку ја искористи можноста во наредните неколку месеци, бидејќи по тој период, не сум сигурен дека Папандреу ќе остане крај масата, затоа што има многу други проблеми во моментов“, рече Воиновиќ.

Републиканскиот сенатор од Охајо, кому Обединетата макеоднска дијаспора средата во Вашингтон му ја врачи својата Меѓународна награда за слобода, со внимателен став околу евентуалниот референдум во Македонија за името:

„Не ги знам деталите. Само сакам луѓето да знаат дека каков и резултат да добиеме преку компромис, тоа нема да налага луѓето во Македонија да го менуваат Уставот. Мислам дека тоа беше големо прашање. Прашањето за референдум треба сериозно да се разгледа, во смисла дали ќе биде нешто што ќе помогне, или ќе наштети“, кажа Војновиќ во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.

XS
SM
MD
LG