Најголемата опозициска партија ја отфрли поканата да учествува на централната прослава што ќе се одржи во Скопје. Причините за ваквата одлука на Социјалдемократите денеска пред јавноста ги образложи претседателот на партијата Бранко Црвенковски:
„Власта го злоупотребува овој празник за да направи груб фалсификат на историјата со одлуката Декларацијата за осамостојувањето на Македонија од Собранието да биде преселена во Музејот на жртвите на комунизмот“, кажа тој.
Црвенковски натаму и` забележа на Владата дека на свеченоста го величи првиот премиер на Владата на самостојна Македонија Никола Кљусев, а „ја минимизира улогата на првиот претседател Киро Глигоров“.
Црвековски, сепак ќе учествува на свечената седница на Собранието, и на свечената академија во Македонскиот народен театар.
Од владата нема коментар на изјавата на Црвенковски.