Линкови за пристапност

Арнолд Шварценегер има вонбрачно дете


Арнолд Шварценегер има вонбрачно дете
Арнолд Шварценегер има вонбрачно дете

Причина за разводот од Марија Шивер, со која има четири деца

Лос Анѓелес Тајмс објави дека сопругата на поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер го напуштила откако дознала дека има вонбрачно дете со куќна помошничка.

Весникот пренесе дека Арнолд и ` ја соопштил веста на својата сопруга Марија Шивер откако ја напуштил гувернерската функција на почетокот од годинава.

Куќната помошничка работела за семејството Шварценегер две децении и се пензионирала во јануари. Арнолд со неа има 10-годишно дете.

Минатата недела, Шварценегер и Шивер, кои беа во брак 25 години, најавија дека се разделуваат во време на како што објавија „голема лична и професионална транзиција“.

Шварценегер ја напушти функцијата во јануари по седум години како гувернер на Калифорнија.

Пред да заплови во политички води, имаше успешна кариера како актер во холивудски акциони филмови.

Шивер е поранешна ТВ-новинарка и член на познатата политичка династија Кенеди.

Марија и Арнолд Шварценгер имаат четири деца.

XS
SM
MD
LG