Линкови за пристапност

Сенди ново суперневреме?


Движејќи се кон источниот брег на САД, ураганот може да се соедини со бран зимско невреме и да добие нескојдневно опасна сила.

Источниот брег на САД забрзано се подготвува за ураганот Сенди откако метеоролозите најавија дека попат може да се соедини со бран зимско невреме, со што може да се претвори во суперневреме, слично на она што го погоди северното атлантско крајбрежје во 1991-ва година.

Несекојдневниот климатски спој треба да се случи во време кога во САД ќе се одбележува Ноќта на вештерките, поради што невремето го доби името Франкенсторм (кованица од Франкенштајн и сторм – невреме).

Сенди денес задаваше неволји на Бахамите со обилни дождови и ветришта, откако претходно долж Карибите однесе 28 животи.

Иако синоќа опадна од категорија 2 на 1, Сенди се` уште носи силни ветришта од 130 километри на час и, според патеката што ја предвидуваат метеоролозите, во вторник наутро идната недела ќе допре до источниот брег, во близината на Њујорк.

Се очекува Сенди да донесе поројни дождови, ветришта и поплави, а и снег откако ќе се спои со зимското невреме, и тоа се` до Охајо, Пенсилванија и Вирџинија.

Ова е 18-то невреме во годинешната сезона на урагани на Атлантикот што започна на 1-ви јуни, а официјално завршува на крајот од ноември.
XS
SM
MD
LG