Линкови за пристапност

Американскиот пратеник во Авганистан ја напушта функцијата


Амбасадорот Рајан Крокер заминува од Кабул среде повлекувањето на НАТО сојузниците од скапата војна

Американскиот амбасадор во Авганистан Рајан Крокер ќе се повлече од позицијата следните месеци, во критично време за САД и сојузниците во НАТО кои се на излегување од скапата војна.

Во соопштение, американската амбасада во Кабул кажа дека Крокер потврдил „со жалење“ дека заминува од функцијата кон средината на јули. Официјални лица од Стејт департментот рекоа дека амбасадорот се повлекува од здравствени причини.

Крокер се врати од пензионерски живот минатиот јули за да ја извршува функцијата на американски пратеник. Тој повторно ја отвори амбасадата во Авганистан во главниот град Кабул во јануари 2002-та.

Најавата на Крокер доаѓа еден ден откако американскиот претседател Обама го затвори самитот на НАТО во Чикаго.

XS
SM
MD
LG