Линкови за пристапност

Средби САД - Русија за Сирија


Русија кажа дека користела четири свои воени бродови од Каспиското море за лансирање ракети на цели на Исламската држава во Сирија

Министерот за одбрана Сергеј Шоигу го информирал претседателот Владимир Путин дека бродовите истрелале 26 крстосувачки проектили на 11 мети на ИСИЛ, за кои кажа дека биле уништени без цивилни жртви.

Портпаролот на министерство за одбрана на Русија најави дека руски и американски одбранбени експерти ќе се сретнат денеска за да дискутират по предлозите за „координирање на акциите во борбата против“ милитантите од Исламската држава во Сирија.

Секретарот за одбрана Аш Картер рече дека двете страни минатата недела одржале разговори кои биле на барање од Русија. Картер одби да коментира за американскиот одговор за нарушувањето на турскиот воздушен простор од руски воени авиони, истакнувајќи дека прашањето ќе биде покренато на средбата на министрите за одбрана на НАТО во четврток.

Русија и Турција дискутираа за можностите за формирање заеднички работни групи за координирање и спречување на евентуални инциденти поврзани со руските воздушни напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG