Линкови за пристапност

САД и Русија отвораат нова ера во вселената


САД и Русија отвораат нова ера во вселената
САД и Русија отвораат нова ера во вселената

Меѓународната вселенска станица вредна сто милијарди долари треба да биде комплетирана годинава, а кога тоа ќе се случи американската вселенска агенција НАСА ќе ја пензионира својата флота. Американските астронаути наскоро ќе се потпираат на руските вселенски летала на пат за вселената.

Кога Советскиот сојуз го лансираше првиот човек во вселената Јуриј Гагарин во 1961-ва, тоа беше протолкувано како голема победа во Студената војна. Во време кога Русија се подготвува да го прослави 50 годишнина од тој настан во април, истовремено се подготува и за соработка со поранешниот непријател од Студената војна – САД.

НАСА ги откажа плановите за вселенски летала во период на пост-шатловите. Се` додека американските комерцијални компании не изградат вселенски летала кои ќе имаат капацитет да пренесуваат луѓе во вселената, Американците планираат да и` плаќаат на Русија за транспортирање астронаути во вселената со вселенското летало Сојуз.

НАСА ги пензионира своите спејс-шатлови и покрај верувањето дека техничко-технолошки се многу пософистицирани отколку Сојуз, вели Роберт Навиас, шеф на агенцијата за операции и мисии.

„Сојуз, колку за споредба, изгледа како спортски автомобил! Тројца астронаути се сместени во тесна капсула!“, вели тој.

Од друга страна, пак, рускиот космонаут Сергеј Крикалев вели дека постарата технологија од Сојуз не е причина за загриженост:

„Леталата се градени така да може да се заменат делови, хардвер, така што овој Сојуз ќе биде различен, затоа што го менуваме компјутерот, но сепак на него може да се потпрете.“

САД на Русија ќе и` платат повеќе од 50 милиони долари за секој повратен билет до и од Вселенската станица. До сега се резервирани шест места за 2013 и 2014 година.

Растечките сили Кина и Индија влегуваат во нова ера на конкуренција за доминација во вселената. Поранешните ривали од Студената војна САД и Русија ги закопаа секирите во името на соработка за истражување на вселената.

XS
SM
MD
LG