Линкови за пристапност

Русија размислува да понуди база на НАТО за авганистанските операции


Преку неа САД и другите земји-членки би префрлале сили, опрема и намирници.

Американските и НАТО-сили и нивното снабдување наскоро би можеле да минуваат низ Русија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес ги потврди деталите од предлогот што на САД и другите членки на НАТО би им овозможил да ја користат воздушната база во градот Улјановск за префрлање на војници и нивна опрема и намирници во Авганистан.

Лавров пред руските законодавци кажа дека планот не е конечен и дека нема да им дозволи на силите на САД и НАТО да останат во базата на подолг период. Тој порача дека успехот на мисијата на НАТО во Авганистан е во најдобар интерес и за Русија, истакнувајќи дека Москва ќе има корист од стабилен Авганистан преку намалената закана од терористите и трговците со дрога.

Русија претходно им дозволи на САД и на НАТО да ја користат железничката мрежа и воздушните коридори за доставување на намирници до Авганистан. Ако биде одобрен предлогот, тоа би било по прв пат САД и НАТО да користат логистичка база во Русија.

XS
SM
MD
LG