Линкови за пристапност

Русија и САД можеби планираат размена на шпиони


Русија можеби се подготвува за ослободување на научникот, кој се наоѓа во затвор по обвинение за шпионирање за САД, како замена за ослободување на руските агенти кои неодамна беа приведени во Америка.

Семејството на затворениот руски научник Игор Ситјагин вели дека тој би бил ослободен како дел од договорот за размена со членови од наводниот руски шпионски синџир кој беше откриен минатиот месец во САД.

Братот на Ситјагин вели дека американската страна го иницирала предлогот. Ниту американски, ниту руски официјални лица не ја потврдија размената.

Луѓе блиски до Ситјагин велат дека тој веќе бил пренесен од затвор во северна Русија во друг затвор во Москва и оти за некое време ќе биде испратен во Британија.

Неговиот татко Вјачеслав Ситјагин за Гласот на Америка рече дека неговиот син понудил да потпише признание како дел од договорот за размена.

Неговиот татко не знае што да мисли за целата работа. Тој вели дека е подобро да си на слобода отколку в затвор, но додава дека неговиот син никогаш не бил шпион и никогаш не се изјаснил за виновен, со што, морално, тоа ќе голем удар за него.

Ситјагин е стручњак по нуклеарна физика и порано работел во Институтот за американски и канадски студии при руската Академија на науки. Бил уапсен во 1999-та и обвинет дека издал класифицирана информација на британска фирма за која руските власти велат дека е предница на американското разузнавање.

Бил најден за виновен во 2004-та и осуден на 15-годишна казна затвор.

Засега е нејасно дали Сигјагин би бил разменет за сите приведени осомничени во наводната руска шпионска група или само за одредени членови.

XS
SM
MD
LG