Линкови за пристапност

Руско-американскиот договор за намалување на вооружувањето оди во Парламентот


Медведев и американскиот претседател Барак Обама ја потпишаа спогодбата минатиот месец во главниот град на Чешка, Прага

Рускиот претседател Дмитри Медведев ја испрати новата спогодба за намалување на нуклеарното вооружување со САД на ратификација во Парламентот.

Медведев и американскиот претседател Барак Обама ја потпишаа спогодбата минатиот месец во главниот град на Чешка, Прага.

Претседателот Обама ја поднесе спогодбата во американскиот Сенат за одобрување порано месецов.

Медведев ги повика руските законодавци да го синхронизираат нивниот процес на ратификација со Сенатот.

Со новата спогодба за намалување на стратешкото оружје ќе се намали американскиот и рускиот нуклеарен арсенал за 30 проценти, со што секоја страна ќе има по 1500 парчиња стратешко нуклеарно оружје. Договорот ја заменува Спогодбата СТАРТ од 1991-ва.

И американскиот Сенат и Рускиот Парламент мора да ја ратификуваат спогодбата пред да стапи во сила.

XS
SM
MD
LG