Линкови за пристапност

Русија и САД постигнаа начелен договор за посвојување на деца


Тема доби на публицитет во април кога американска мајка врати седумгодишен посвоен син во Москва, тврдејќи дека бил насилен и нестабилен

Русија и САД постигнале начелен договор за новите правила за посвојување на деца меѓу двете земји, соопшти главниот претставник на Кремљ за заштита на децата.

Павел Астаков по средбата со американски претставници средата рече дека согласно планот, само акредитирани агенции ќе може да посредуваат при посвојување. Тој кажа и дека планот повикува на задолжителна контрола на руските деца кои веќе се посвоени во САД.

Тема доби на публицитет во април кога американска мајка врати седумгодишен посвоен син во Москва, тврдејќи дека бил насилен и нестабилен.

Минатата недела, долниот дом на рускиот Парламент отфрли мерка со која ќе се спречеше усвојување на руски деца од страна на американски семејства.

XS
SM
MD
LG