Линкови за пристапност

Западна Европа на врвот на листата според владеењето на правото


Западна Европа на врвот на листата според владеењето на правото
Западна Европа на врвот на листата според владеењето на правото

Иран на дното за односот кон човековите права

Владеењето на правото варира ширум светот и навидум е во корелација со приходот по глава на жител, се вели во новото годишно истражување на организацијата Светски проект за правдата.

Документот Индекс на владеењето на правото на 140-тина страници рангира држави во најразлични области: од тоа дали владата одговара за своите постапки и дали има широк пристап до правдата, па се` до дали се заштитени основните права и како се спречува корупцијата и криминалот.

Западна Европа е најдобро рангираниот регион во светот со најмногу држави со високи оценки во повеќето рангирања, освен Италија.

Извештајот посочува на слабата заштита на основните човекови права во Кина, сериозни недостатоци во Русија и проблеми со дискриминацијата во САД. Иран е рангиран на последното место во светот кога станува збор за почитувањето на основните човекови права.

Светскиот проект за правдата е финансиран од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

XS
SM
MD
LG