Американката чија фотографија беше искористена за создавање на еден од најпознатите постери од времето на Втората светска војна, почина неделата во сојузната државата Мичиген.
Џералдин Дојл имаше 86 години. Како 17-годишна девојка, работела во фабрика за производство на метал во градот Ен Арбор кога беше фотографирана.
Легендарната фотографија беше искористена за постерите со слоганот – „Ние можеме!“, со кој владата на САД поттикнуваше сопруги, ќерки и сестри да ги преземат работните места што останаа испразнети поради тоа што мажите заминаа да се борат во Втората светска војна.
Таа и другите жени на постерите станаа познати како „Рози - работничката“, името со кое се идентификуваа жените кои работеа по фабриките во тоа време.
Постерот на кој Џерладин е со стегната рака и тупаница подоцна стана симбол на американското феминистичко движење.