Романија даде конечно одобрување за поставување на американски антибалистички систем за пресретнување на своја територија. Локацијата во Романија е дел од американскиот одбранбен, противракетен штит, на кој остро се противи Русија.
Во септември, Романија и САД склучија договор за изградба на локација за пресретнувачи во воздушната база Девеселу, што се наоѓа близу границата со Бугарија. Синоќа, пак, претседателот Трајан Башеску го парафираше договорот меѓу Романија и САД.
САД велат дека системот ќе овозможи побрз одговор на заканите од проектили со краток до среден дострел.