Линкови за пристапност

Во САД лансирано приватно вселенско летало


Во САД лансирано приватно вселенско летало

Лансирањето е клучен тест за иднината на комерцијалните вселенски летови, во време кога НАСА се подготвува да ја пензионира флотата спејс-шатл

Приватна америкнска компанија успешно го лансираше своето прво вселенско летало во орбитата. Лансирањето е клучен тест за иднината на комерцијалните вселенски летови, во време кога НАСА се подготвува да ја пензионира флотата спејс-шатл.

Капсулата Драгон, во сопственост на Корпорацијата за технологија за всленски истражувања, или СпејсХ, беше лансирана средата од Кејп Канверал во сојузната држава Флорида, носена од ракета Фалкон 9. Капсулата навлезе во орбитата 10 минути подоцна.

СпејсХ планира капсулата двапати да ја обиколи земјата на пробниот лет, по што ќе се урне во Тихиот Океан.

Ова е прво лансирање во рамки на програмата на НАСА да доставува опрема и намирници до Меѓународната вселенска станица преку приватни компании, откако наредната година ќе се пензионира флотата спејс-шатл.

XS
SM
MD
LG