Линкови за пристапност

Нова генерација републиканки


Нова генерација републиканки
Нова генерација републиканки

На жените во моментов отпаѓа 51 процент од вкупното население во САД, но ги има само 17 проценти во Претставничкиот дом и 17 проценти во Сенатот.

Републиканските кандидатки имаат главна улога во кампањите за конгресните и изборите за гувернери на сојузни држави ширум САД.

Шерон Енгл од Невада и Кристин О`Донел, обете кандидатки за Сенатот, самите се опишуваат како републиканки од движењето „Ти парти“, што значи дека веруваат во мошне ограничена улога на владата, моќна армија и ниски даноци.

Поранешната гувернерка на Аљаска и омилена во „Ти парти“, Сара Пејлин, ги поддржа конзервативните кандидатки и ја промовираше фразата „Мама Гризли“ за да ги опише грижливите но строги жени.

“Вашингтон, ви порачувам да не се задевате со мајките кои се` повеќе добиваат на сила“, изјави Пејлин во рамки на кампањата за изборите.

Мишел Бернард од Независниот форум на жени се согласува дека оваа нова група жени е поинаква.

„Денес гледате жени кои се појавуваат на кампањи за економијата, за образованието, за сиромаштијата, напредокот, националаната безбедност и тероризмот и конечно сме во стадиум кога поголемиот дел од американската јавност согледува дека прашањата на жените не се поразлични од оние на мажите“, вели Бернард.

На жените во моментов отпаѓа 51 процент од вкупното население во САД, но ги има само 17 проценти во Претставничкиот дом и 17 проценти во Сенатот.

Дејвид Хокингс од магазинот Конгрешенал квотерли смета дека има мали изгледи бројот да зголеми на изборите на 2-ри ноември.

„За секоја жена од Републиканската или Демократската партија која ќе победи, ќе има и такви кои ќе се се пензионираат и некои кои ќе загубат“, објаснува Хокингс.

Доколку републиканците добијат контрола врз Претставничкиот дом, спикерката Ненси Пелоси ќе ја загуби позицијата како прва жена на оваа функција во американската историја.

XS
SM
MD
LG