Линкови за пристапност

2010-та - опасна година за новинарите


2010-та - опасна година за новинарите
2010-та - опасна година за новинарите

Пакистан е на прво место на оваа црна статистика со 11 убиени новинари

2010-та беше уште една опасна година за новинарите, наведува Репортери без граници. Загинале 57 новинари, а киднапирани 51.

Според статистиката на организацијата со седиште во Париз, во 2010-та биле уапсени 535 новинари, а 1374 биле физични нападнати или предмет на закани. Додека бројот на убиени репортери во 2010-та бележи пад од 25 проценти во однос на 2009-та, има пораст на киднапираните.

Пакистан е на прво место на оваа црна статистика со 11 убиени новинари. Ирак, Мексико, Сомалија и Филипините се меѓу најопасните места за припадниците на седмата сила. Новинари го загубиле животот во вкупно 25 земји во светот.

XS
SM
MD
LG