Линкови за пристапност

Македонија генерално ја почитува верската слобода, но...


...речиси сите верски групи наведуваат дека Владата ја фаворизира Македонската православна црква, стои во годишниот извештај на Стејт департментот

Уставот и другите закони и политики ја штитат верската слобода, а во пракса владата генерално ја почитува верската слобода, стои во денес објавениот извештај на Стејт департментот, во делот за Македонија. Сепак, Стејт департментот наведува дека речиси сите верски групи во земјата сметаат дека Владата ја фаворизира Македонската православна црква – Орхидска Архиепископија.

Во извештајот се споменува и случајот со расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски: „Водачот на самопрогласената Православна Охридска Архиепископија, што има врска со Српската православна црква и не ја признава МПЦ-ОА, и натаму се наоѓа во затвор за проневера и беше осуден по дополнителни обвиненија за перење на пари“.

Враќањето на одземениот имот во времето на Југославија и натаму се одвива бавно, стои во извештајот.

Американската влада вели дека имало извештаи за општествена злоупотреба или дискриминација, базирана врз верското убедување или пракса, како и дека одвреме-навреме, етничката напнатост негативно се одразувала врз верската слобода.

Бекташката заедница јавила за повремени закани од поединци со различна интерпретација на Исламот.

„Политизацијата на верските прашања навидум е во пораст и имаше негативен ефект врз верската толеранција“, забележува Стејт департментот.

Во глобални рамки, при презентацијата на извештајот, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД ќе застанат зад малцинските верски заедници што се под удар и закана ширум светот. Тој рече дека верската слобода е право на секој поединец, стекната со раѓањето.

Според извештајот, минатата година милиони луѓе ширум светот биле присилени да ги напуштат домовите врз верска основа. Во зоните на конфликти, масовното раселување станало „опасна норма“.

Кери оцени дека Северна Кореја се издвојува во годишниот извештај за верските слободи за, како што рече, „апсолутната репресија на верските активности“. Тој подвлече и дека руската влада користи жестоки казни против она што таа го нарекува екстремизам, за да ги оправда своите сурови мерки против верниците.

XS
SM
MD
LG