Уставот, законите, но и актуелната политика ја штитат верската слобода, а во пракса, македонската влада генерално ги почитува верските слободи, оценува Стејт департментот во денес објавениот глобален годишен извештај на оваа тема.
„Владата ниту демонстрирала тренд кон подобрување, ниту кон влошување во однос на почитувањето и заштитата на верските слободи“, наведува официјален Вашингтон.
Владата во Скопје продолжува да го применува законот за верските заедници што бара нивно регистирање кај владата, иако некои од нив се жалат дека тој не се спроведува подеднакво, стои во документот на американската влада. Обесштетувањето за верски имоти од времето на поранешна Југославија продолжува да се одвива со бавно темпо, се вели понатаму.
Има извештаи за општествена злоупотреба и дискриминација врз основа на верска припадност, убедувања и вероисповед, утврдува Стејт департментот. Во документот се пренесуваат тврдењата на припадници на Православната охридска архиепископија дека биле малтретирани од дел од медумите и изложени на несоодветен владин мониторинг.
Владата ниту демонстрирала тренд кон подобрување, ниту кон влошување во однос на почитувањето и заштитата на верските слободиСтејт департмент