Линкови за пристапност

Милениумската генерација и религијата


Истражување сугерира дека многумина ја напуштаат верата во која пораснале, не прифаќајќи друга.

Нова студија, што се фокусира на Американците меѓу 18 и 24-годишна возраст, покажа дека има општ тренд на отфрлање на религиозноста. Младите од таканаречената „милениумска генерација“ навидум го менуваат начинот на кој Американците гледаат на религијата и ја практикуваат.

„Милениумците имаат сложен став кон религијата. Тоа го знам од сопствено искуство“, вели Абигејл Клаус, која студира религија на Универзитот во Бостон:

Клаус пораснала во Јужна Каролина. Татко и` е јужњачки баптист, а мајка и` римокатоличка. „Јас, пак, сега се идентификувам како унитарен универзалист“, вели таа.

Истражување на Центарот Беркли при Универзитетот Џорџтаун најде дека многумина милениумци ја напуштиле верата во која пораснале, во најголем дел не прифаќајќи друга.

Само 23% од анкетираните веруваат оти Библијата е речта на Бога и дека треба буквално да се следи.

Универзитетските населби се меѓу најнерелигиозните места во САД.

„Младите денес помалку се наклонети на традиционалното структуирано црковно искуство“, вели Роберт Џонс, раководител на Институтот за религиозно истражување.

Тоа не значи дека немаат верски чувства. Па сепак, тоа не го декларираат ниту на Фејсбук, каде категоријата за верска определба - многу често останува празна.

XS
SM
MD
LG