Линкови за пристапност

Уставни промени за поефикасна борба против организираниот криминал


Уставни промени за поефикасна борба против организираниот криминал
Уставни промени за поефикасна борба против организираниот криминал

Иницијативата ја подржаа и социјал-демократите.

Владејачкото мнозинство иницираше нови измени во Уставот. Овојпат, целта е да се овозможат механизми за поефикасна борба против организираниот криминал. Се бара Уставот да овозможи, односно да ја спречи можноста на носителите на двојни државјанства, при сторено кривично дело, со едно од државјанствата да се сокријат од законите на државата во која го сториле делото.

“Никој, ама баш никој да не може да одбегне казнена одговорност било каде и да се наоѓа, заради тоа што нема да го штити ни двојниот пасош, ни двојното државјанство“, изјави министерот за правда Михајло Маневски, излагајќи ја иницијативата за измените во Уставот.

Иницијативата ја подржаа и социјал-демократите. Опозицијата го поддржува владиниот предлог за менување на Уставот, за да не се кријат пред лицето на правдата сторителите на кривични дела преку двојно државјанство, но бараат, бидејќи уставните измени се сложен процес, по консултациите да се разгледаат сите барања. Тие предлагаат и овие измени во текстот на Уставот да го оневозможат министерот за правда да биде член на Судскиот совет, како што е тоа во случајот. Социјал-демократите исто така побараа да се предвиди одредба со која ќе се оневозможи застарување на кривичните дела од приватизацијата.

Свои барања испорачаа и либерал-демократите. ЛДП бара двојно државјанство да не можат да имаат кандидатите за пратеници, министри, премиери и претседатели, но и Собранието, наместо 120, да брои 90 пратеници.

„Република Македонија има најголем број на пратеници и најголем број на министри по глава на жител во Европа“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.

Нова Демократија, пак, инсистира на Бадинтеровиот принцип и во Уставниот суд и во Судскиот совет, но и при носењето на буџетот.

Шанса за своите интереси во овие измени на Уставот видоа и верските заедници, кои предлагаат забраната на хомосексуалните бракови да биде уставно загарантирана.

XS
SM
MD
LG