Линкови за пристапност

Рикер: САД се залагаат Македонија да ги изгради и зајакне евроатлантските вредности


Рикер: САД се залагаат Македонија да ги изгради и зајакне евроатлантските вредности
Рикер: САД се залагаат Македонија да ги изгради и зајакне евроатлантските вредности

Давајќи оценка за процесот на реформите чија цел е примена на евро-атлантските вредности во македонското општетво, Рикер се осврнува и на забелешките на меѓународната заедницa.

„Американските даночни обврзници инвестираа над милијарда долари преку нашите програми за помош, со цел да и` помогнеме на Македонија да излезе од транзицијата и да стане демократска земја со слободен пазар. Целта е целосна интеграција во ЕУ и НАТО, по исполнувањето на строгите реформски барања. Македонија ја третираме посебно, без споредување со останатите земји во регионот. Работиме со она што владата го има на располагање во спрега со нашите пријатели и сојузници од меѓународната заедница, со цел да помогнеме да се остварат нашите заеднички цели“, изјави амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер во интервју за ТВ А1.

Во интервјуто тој наведува точно за какви вредности станува збор.

„Евроатлантското семејство поседува одредени вредности кои ги смета за важни, како што се слободата на медиумите, еднаквото спроведување на законот и виталното граѓанско општество во кое сите граѓани би имале еднакво учество. Тие вредности и идеали ги сфаќаме многу сериозно. Секретарката Клинтон ги отвори тие прашања при посетата на регионот. Постојано ги отвора за време на нејзините настапи и говори низ целиот свет“, вели Филип Рикер.

Давајќи оценка за процесот на реформите чија цел е примена на евро-атлантските вредности во македонското општетво, Рикер се осврнува и на забелешките на меѓународната заедница.

„Меѓународната заедница има забелешки, а САД и` се придружија на Европската комисија во врска со забелешките кои беа означени во извештајот. Тоа е конструктивна критика која треба да и` помогне на оваа земја да ги оствари своите цели и идеали кои многуте влади, вклучувајќи ја и сегашната, ги имаа зачнато.

Без сомнение, судството е во криза. Пред него стојат предизвици. Важно е тоа што многумина граѓани, со дел од кои и јас разговарав, исто така се загрижени за состојбата на судскиот систем. Можно ли е да се има еднаква правда за сите?

Тие прашања беа начнати и на нив треба да се одговори. Тоа е целта на извештајот на Европската комисија, како и смислата на нашите заложби. Кога извршната власт влијае врз судството, тогаш се нарушуваат демократските вредности кои пред малку ги споменавме.

Кога министерот за правда може преку Судскиот совет да влијае врз изборот на судии, кога се сугерира некои случаи селективно да се иследуваат и кога на секој граѓанин не му се гарантира слободно и непристрасно судење, тоа значи дека целиот систем треба да се преиспита“, коментира американскиот амбасадор во Македонија.

Рикер во интервјуто за А1 ТВ се осврна и на проблемот со името, како и дилемите што тој прболем ги отвара во јавноста во врска со идентитетските прашања.

„Ние и понатаму сметаме дека не се работи за спор околу идентитетот, туку за проблем кој може да се реши преку заемна согласност на двете земји.

Ќе ве потсетам дека Обединетите Нации не се организација која се вика „Обединети етницитети или идентитети“, туку тоа е група на земји кои соработуваат во решавање на проблеми со кои сите се соочуваме, со цел да се постигне подобра иднина на човештвото, а тоа е целта на ООН од нејзиното основање. Значи, јасно е дека не се работи за проблем на идентитетот“,изјави Рикер

На крајот, Рикер коментира за својот престој во Македонија и наредната функција во Стејт департментот.

„Како што знаете, нашите амбасадори обично се назначувани за период од три години во земја како Македонија, а ова навистина ми е трета година овде. Бев почестен кога ме прашаа за мојата следна задача да се вратам во Вашингтон. Јас и мојата сопруга со нетрпение го очекувавме тоа. Бевме далеку од семејството и домот повеќе од 7 години. Време е да заминеме дома. Кога ме замолија да го земам портфолиото за Балканот, бев задоволен, пред се` бидејќи тоа ќе ми биде шанса да останам во контакт со Македонија. Очигледно е дека остварив многу врски овде, ја сакам оваа земја, сакам да ги одржувам контактите овде, со владата и дипломатите, но исто така и пошироко во регионот. Ќе имам одговорност за сите 7 земји во она кое ние го нарекуваме Југоцентрална Европа“, вели амбасадорот Филип Рикер во интервјуто за А1 ТВ.

XS
SM
MD
LG