Пресудата против Грција од Судот во Хаг не влијае врз одлуката донесена од НАТО сојузниците на самитот во Букурешт во 2008-ма година, се вели во писмена изјава на генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, што беше објавена на официјалната интернет страница на НАТО.
„Се договоривме дека поканата на Македонија ќе и` биде упатена штом се постигне взаемно прифатливо решение за името. Оваа одлука беше повторена и на следниот самит и на министерските состаноци“, стои во писмената реакција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во спорот Македонија против Грција на првиот човек на Алијансата.