Линкови за пристапност

Барак Обама организира Ифтар во Белата куќа


Барак Обама организира Ифтар во Белата куќа

САД да најдат инспирација во разноликото етничко потекло и верските убедувања на сите граѓани, рече претседателот

Американскиот претседател Барак Обама рече дека Муслиманските Американци имаат голем придонес во „силата и карактерот“ на САД. Тој вака ги поздрави гостите во Белата куќа за вечерата Ифтар со која се слави Рамазан - светиот месец во муслиманската вера.

Обама настанот го поврза со одбележувањето на 10-тата годишнина од терористичките напади на 11-ти септември, велејќи дека во време кога државата им оддава почит на оние кои служеле и го дале животот за САД, мора да се почитува и да се најде инспирација во разноликото етничко потекло и верски убедувања на граѓаните на оваа држава.

На вечерата присуствуваа муслимански лидери, активисти, како и избрани претставници и лидери од сите вери.

XS
SM
MD
LG