Линкови за пристапност

Африканско-американска музика како дел од светската културата


Африканско-американска музика како дел од светската културата
Африканско-американска музика како дел од светската културата

Ритам и блуз е жанр на афро-американската музика што создаде специјално место во популарната култура од последниве 70 години

Уметниците од R&B, како што кусо е позната оваа музика, денес се познати низ цел свет, а нејзината еволуција деновиве беше прославена во Вашингтон.

Институцијата Смитсониан ја направи централна тема на својот традиционален годишен фестивал.

Ритам и блуз е американско богатство и има силно влијание врз популарната култура. The Funk Brothers, позната група од 1960-те, изведе една класична нумера од R&B на Националното шеталиште во Вашингтон.

Ритам и блуз беше измислен од афро-американски Американци пред 70 години. Името R&B беше маркентишко средство, но и одразува различни музички стилови вклучувајќи госпел и електричен блуз, популаризиран од Би Би Кинг.

Седумдесет години подоцна, овој музички правец е се` уште неприкосновен. На прославата на Националното шеталиште – илјадници, млади и стари – дојдоа на високите температури да слушаат и танцуваат.

Лони Банч е директор на Националниот музеј за африканско-американска историја: „Сфатив дека ова е музика што многу зборува за Америка. Музика што зборува за болка, што зборува за издржливост. На некој начин стана универзална музика, а во исто време многу заразна. Каде и да сте во светот, може да видите луѓе кои играат на ритам и блуз, зашто е многу посебна“

Џери Вилијамс е долги години пеач на ар-енд-би и е познат како Swamp Dogg. Тој вели дека неговиот бенд имал влијание од легендите во 1940-те. „Ритам и блуз за мене е песна за отскок, како „Лошо, лошо виски што ме натера да го напуштам мојот среќен дом“.

До 50-те и 60-те, Џејмс Браун ја одушевуваше публиката со стил што подоцна го дефинираше R&B. Не долго потоа, женски уметници, како Дајана Рос и Suprimes капитализираа на успехот на ритам и блуз.

До 70-те музички групи како Темптејшнс, а подоцна и Мајкл Џексон, помогнаа R&B да се рашири насекаде.

Денес R&B и натаму се развива. Се` уште со корени во афро-американската култура, но сега е генерален термин за музика со силен ритам, стихови и мелодија на која може да се танцува. Не познава старосни граници, раса или социјални класи.

XS
SM
MD
LG