Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно ќе се сретнат на маргините на економскиот самит во Виетнам, според Кремљ.
Јуриј Ушаков, советник за надворешно-политички прашања на рускиот претседател Путин, рече дека „има прашања кои треба да се дискутираат, и ние сме подготвени“.
Тој додаде дека двајцата лидери ќе се сретнат на маргините на годишниот Самит на азиско-пацифичка економска соработка (АСЕАН), што во петок почнува во Дананг, Виетнам.
Ушаков потенцираше дека Трамп и Путин, ќе имаат средба „еден-на-еден“, но не обелодени кога точно ќе се одржи.
Претходно неделава и портпаролот на Кремљ Димитри Пешков за руската агенција РИА, најави дека најверојатно лидерите ќе се осврнат на ситуацијата со заканите од нуклеарно оружје од Северна Кореја.
Facebook Forum