Иако празникот е официјално оддавање почит на Вашингтон, овој ден се смета како славење на сите претходни претседатели.
Повеќето владини канцеларии и згради се затворени, како и банките, берзите на акции и американската пошта. Повеќето продавници го искористија продолжениот викенд за да нудат специјални попусти.
Во февруари се родени двајца од тројцата најпочитувани претседатели на САД – Џорџ Вашингтон во 1732-ра и Абрахам Линколн во 1809-та.
Празнувањето на роденденот на Џорџ Вашингтон беше воведено на 1885-та. Иако тој е роден на 22-ри февруари, Конгресот усвои акт во 1968-ма за овој федерален празник да паѓа секогаш на третиот понеделник во февруари.