Линкови за пристапност

Рецесијата ја зголеми сиромаштијата во САД


Рецесијата ја зголеми сиромаштијата во САД
Рецесијата ја зголеми сиромаштијата во САД

Над 46 милиони Американци спаѓаат во категоријата - сиромашни

Рецесијата го зголеми процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија во САД во 2010-та на највисоко ниво во последните 17 години.

Денешниот извештај од Пописното биро објави дека стапката на сиромаштија е само над 15 проценти, и е зголемена за седум десетини од еден процент од претходната година. Тоа значи, над 46 милиони луѓе ширум САД.

Новите истражувања покажуваат дека стапката на сиромаштија за Афро-американците побрзо расте отколку другата популација и изнесува над 27 проценти.

Американската влада го смета едно семејство како сиромашно ако годишните приходи му се под 22.314 долари.

Денешниот извештај покажа дека рецесијата има пошироко влијание во општеството. За два проценти има опаѓање на средните годишни примања во периодот меѓу 2009-та и 2010. Средното годишно примање сега изнесува 49. 445 долари.

XS
SM
MD
LG