Линкови за пристапност

САД: стапката на сиромаштија највисока во последните 15 години


Американското пописно биро јави дека стапката на сиромаштија во земјата се искачила на највисоко ниво во последните 15 години, додека севкупната бројка на луѓе кои живеат во сиромаштија е на највисока во последните пет децении откога се води статистика.

Вкупната бројка на луѓе кои живеат во сиромаштија во САД се зголемила од 13, 2 проценти во 2008-ма на 14, 3 отсто во 2009-та. Понатаму се вели дека 43, 6 милиони луѓе лани живееле во сиромаштија, што е зголемување за скоро четири милиони од 2008-ма.

Директорот на пописното биро Дејвид Џонсон, рече дека тешката рецесија принудила многу економски стручњаци да предвидат уште повисока стапка на сиромаштија во земјата.

Тој рече дека зголемувањето на невработеноста и другите владини бенефиции го одржале нивото на сиромаштија.

Истражувањето исто така покажа дека бројката на луѓе во САД без здравствено осигурување го надминала прагот од 50 милиони луѓе во 2009-та, што претставува прво зголемување откако се регистрираат податоци од 1987-ма.

XS
SM
MD
LG