Линкови за пристапност

Фармацевтските компании ги намалија цените за вакцини за сиромашните земји


Фармацевтските компании ги намалија цените за вакцини за сиромашните земји
Фармацевтските компании ги намалија цените за вакцини за сиромашните земји

Глобалната алијанса за вакцинација и имунизација, ГАВИ, вели дека милиони деца во земјите во развој нема да починат затоа што фармацевтските компании се согласиле на големо намалување на цената на цената на вакцините со кои се спасуваат животи.

ОН проценуваат дека речиси осум милиони деца во светот умираат пред да наполнат пет години.

Портпаролот на ГАВИ, Џефри Роланд за Гласот на Америка вели дека секои 20 секунди едно дете умира затоа што не примило вакцина:

„Целта на ГАВИ во следните пет години, или до 2015-та, е да бидат вакциниирани милиони деца и да се заштитат четири милиони деца со обезбедување вакцини против болести кои веќе практично не постојат во богатите држави, како и да се обезбедат нови вакцини против пневмонија, дијареа и вирус на човечка папилома, како и некои други вакцини со кои се спречуваат болести“, вели тој.

Роланд вели дека ГАВИ сега има шанса да ја постигне целта затоа што бројни производители на вакцини се договориле значително да ги намалат цените за вакцините со кои се спасуваат човечки животи во земјите во развој.

Компаниите како GlaxoSmithKline, Merck, Johnson and Sanofi-Aventis ќе ги намалат цените за две-третини од реалната вредност за дистрибуција во сиромашните земји.

Роланд вели дека фирмите со седиште во Индија, како Serum Institute и Panacea Biotec, ќе обезбедат вакцини со кои ќе се заштитат децата од потенцијалните убијци. Меѓу нив спаѓаат дијареата, тетанус, хепатит Б и и други.

Само од дијарејата починуваат половина милион деца годишно. Вакцината против вирусот што ја предизвикува во САД чини околу 50 долари. Според новата ценовна листа на компаниите, истата вакцина нарачана од земја во развој сега ќе чини 2,5 долари.

Повеќе од 90 отсто од рак на грлотото на матката се случуваат во земји во развој. Секоја година од ова умираат по 200.000 жени. Компанијата Merck ќе и` понуди на ГАВИ вакцина за тој вирус по цена од пет долари по доза, што е намалување од 67 проценти од актуелната цена на пазарот.

ГАВИ се надева дека ќе собере 3,7 милијарди долари на претстојната конференција следната недела. Собраните средства ќе и` помогнат на организацијата да ја финансира вакцинацијата на скоро 250 милиони деца до 2015-та.

XS
SM
MD
LG