Линкови за пристапност

Пилот ќе се обиде со авион на соларна енергија да лета ноќе


Експериментот треба да докаже дали собраната енергија од сончевите зраци во текот на денот ќе биде доволна авионот без гориво да лета и ноќно време

Пилот-авантурист ќе се обиде во мисија за летање со авион на соларна енергија во тек на ноќта. Авионот полета од Пајерн, Швајцарија во средата откако проблеми со опремата го одложија претходниот обид минатата недела.

Швајцарскиот пилот ќе се обиде да лета со авион на соларна енергија во текот на денот и ноќта без да наполни гориво.

Крилата на авионот, долги како на патнички авион Ербас А-340, 63 метри, се покриени со соларни плочи. За време на дневните часови, авионот ќе ги апсорбира сонцевите зраци и ќе ги полни батериите. Целта е авионот да продолжи да лета во текот на ноќта и да користи енергија од батериите што се наполнети за време на денот.

Авионот „Solar Impulse“ е со едно седиште. Тимот што работи на него планираше ноќен лет, но датумот беше одложен заради нефункционирање на важен дел од опремата. Бернард Пикард и Андре Борчберг се дел од тимот и - разочарани.

Бертранд Пикард рече: „Авионот е целосно експериментален. Се работи за тип на авион кој никогаш не летал порано, значи треба да му помагаме на пилотот од земја, но и да му помагаме на самиот авион за време на летот“.

Пикард објасни дека опрема со висока технологија ќе пренесува информации за летот до тимот аналитичарите на земјата. Опремата, како и се` на авионот од 1600 килограми, е суперлесна. Пикард вели дека ќе биде регистрирано „апсолутно се`“, од вибрации на крилата, позиција на контролорите на летање, ефикасност на соларните ќелии, па до тоа како доаѓа и се троши енергија.

Пикард го започна проектот во 1999-та, поставувајќи си цел за соларен лет од ваков вид откако го обиколи светот со воздушен балон.

Извршниот директор на проектот Андре Борчберг е пилот на историскиот ноќен лет. Тој објасни дека овие соларни летови имаат ограничена способност и затоа проектот се потпира на главно стабилно време и долги и сончеви денови:

„Јули е одличен месец и затоа сакаме токму во овој период да се обидеме да реализираме два лета за време на ноќта“, најави Борчберг.

Тимот вели дека планот е Борчберг и неговиот авион на соларен погон ќе минат цел ден во летање и полека да се искачи до височина од 8500 метри.

Околу два часа пред зајдисонцето, сончевите зраци нема да бидат доволно силни да ги снабдат соларните плочи со енергија, и авионот ќе почне полека да се спушта на надморска височина од 1500 метри. Ако се` оди според планот, авионот ќе ја користи насобраната енергија, која е складирана во батериите за време на дневниот лет кога е напоен со сончева енергија.

XS
SM
MD
LG