Повеќе од 30 Американски Олимпијци се натпреваруваат во националниот шампионат во Ирвајн, Калифорнија.
Меѓу нив е 14- кратниот олимписки златен медалист Мајкл Фелпс, кој сезонава не се натпреваруваше многу и не постигна резултати на кои е навикнат. Минатиот месец во Париз, тој во неговиот омилен слободен стил, покажа дека не ево посакуваната форма. Тој мисли дека овој натпревар, што е очекува да биде многу компетитивен, ќе биде повеќе ментален отколку физички за него.
За петте дена на натпреварување, многу е во залог. Првите двајца во секоја категорија ќе се квалификуваат за Панпацифичкото првенство што ќе се одржи подоцна во август, исто така во Ирвајн и каде ќе бидат присутни пливачи од Јапонија, Австралија, Канада и повеќе од 20 други држави.
Квалификуваните на државното и на Панпацифичкото првенство ќе бидат земени предвид и за Светскиот шампионат на ФИНА, кој треба да се одржи во 2011-та во Шангај, Кина.