Линкови за пристапност

Котески: Продолжува стратeшкото партнерство со САД


Котески: Продолжува стратeшкото партнерство со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Котески: Продолжува стратeшкото партнерство со САД

Началникот на Генералштабот на АРМ вели дека добил уверување ќе продолжи финансиската поддршка од САД

Придонесот на АРМ во мировните мисии и стратешкото партнерство со САД биле главни теми на едночасовната средба попладнево во Пентагон меѓу началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески и началникот на Здружениот Генералштаб на Армијата на САД, генералот Мартин Демпси.

„Заклучивме дека нашата соработка меѓу АРМ и САД е на одлично ниво и ова стратешко партнерство ќе продолжи и понатаму“, истакна Котески.

Котески информираше и дека и дека разговарал со првиот човек на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Стивен Креј, за проширувањето на соработката. Наводно, станало збор и за напорите што Македонија ги прави за решавање на спорот за името.

Котески брифираше дека во однос на учеството на меѓународните мисии, Македонија во Авганистан останува со истиот број на војници до крајот на 2014-та.

„По 2014-та нашиот став е да продолжиме со мисијата, но во мисијата која подразбира обука, менторство и асистенција за авганистански сили“, рече Котески.

Тој се осврна на податокот дека досега во Македонија и Вермонт, обука завршиле околу 4.000 припадници на вооружените сили и дека ќе продолжи соработката меѓу двете армии.

Финансиската поддршка што ја даваат САД кон АРМ ќе продолжи и понатаму
Генерал-мајор Горанчо Котески
„Финансиската поддршка што ја даваат САД кон АРМ ќе продолжи и понатаму, се` со цел - интероперативност на нашите единици кои се испраќаат во мировните мисии“, истакна генералот Котески.



Командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајорот Стивен Креј, за Гласот на Америка изјави: „Односите меѓу Македонија и сојузната држава Вермонт на армиско ниво се посилни од кога и` да е порано. Имаме партнерство последниве 20-тина години, едно од најстарите во областа на одбраната. Во 2010-та, 80 војници на АРМ беа дел од силите на ИСАФ во Авганистан, распоредени во нашата бригада од Вермонт. Тоа го покажува нивото на посветеност што ја имаат двете земји и така ќе продолжиме и во иднина“.

Претпладнево, Котески разговарал и со заменик –помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер.
XS
SM
MD
LG