Околу 14.000 припадници на американската армија се отпуштени од армијата со законот од 1993-та, кој им овозможува на хомосексуалците да носат униформа само ако нивната сексуална ориентација остане тајна. Сенатот сега го промени ова – им овозможи на хомосексуалните трупи да служат без страв дека ќе бидат расчинети ако се открие нивната сексуалност.
Претседателот на сенатската комисија на вооружените сили, демократот Карл Левин од Мичиген, зборуваше со страст за прашањето пред гласањето:
„Прва жртва во војната во Ирак беше војник-хомосексуалец. Од нагазна мина ја загуби ногата. Бомбите не прават разлика меѓу војниците, дали се хомо и хетеросексуалци. И ние треба така да се однесуваме“, рече Левин.
Сенатската интервенција на актот „Не прашувај, не кажувај“ дојде на дневниот ред откако неколку умерени Републиканци најавија поддршка за нејзино укинување. Независниот декократски сенатор Џо Либерман од Конектикат беше неуморен борец и лобист за најзино укинување. Според него, ставањето крај на забраната за отворено служење во армијата за хомосексулалците е зачувување на идеалите на Америка за слобода и еднаквост:
„Имаме можност не само да ја поправиме грешката и да им оддадеме признание на американските патриоти кои се хомосексуалци или лејзбејки, туку и да се вратиме на вредностите кои татковците на нацијата ги имаат вградено во оргиналните американски документи“, смета Либерман.
Опонентите сметаат дека е погрешно да се прават ревизии на персонални политики во армијата во време на војна. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн од Аризона ги отфрли тврдењата дека политиката „Не прашувај, не кажувај“ се одразува врз вооружените сили затоа што се расчинети квалификувани војници:
„Регрутирањето на армијата е на највисоко ниво од кога било во историјата“, вели Мекејн.
Мекејн ги обвини демократите за поткопување на националните безбедносни интереси поради агенда на левичариски активисти. Тој сепак кажа дека е убеден оти со укинувањето на оваа забрана, армијата, што е најдобра во светот, и натаму ќе ги следи наредби од врховниот командант.
Но, тој не мисли, како што рече дека со овој потег нема да се плати голема цена.
Претседателот Барак Обама и виши официјални одбранбени лица го поздравија гласањето во Сенатот, и сега се наоѓа на масата на првиот човек на САД чекајќи на негов потпис. Откако ќе биде потпишан, Одделот за одбрана има неколку месеци да се подготви за промена во политиката. Законот и` овозможува на постоечката политика и натаму да важи, се` додека претседателот, секретарот за одбрана и началникот на здружениот Генералштаб потврди дека Пентагон е подготвен за имплементирање на промената.
Додека конзервативни групи го отфрлија гласањето во Сенатот, поборниците за новиот закон славеа.
Дејвид Хал е поранешен поручник во военото воздухопловство, кој бил расчинет од армијата поради прекршување на правилото „Не прашувај, не кажувај“:
„Нашата армија ќе биде подобра. Нема да има големи промени. Новина ќе биде дека нема да бидат отстранети квалификувани луѓе“, вели тој.
Откако ќе се имплементира, ќе бидат запрени сите правни битки по судовите околу „Не прашувај, не кажувај“. Федералните судови засега ги разгледуваат жалбите по одлуки на пониските судови кои нашле дека таа политика била неуставна.