Линкови за пристапност

Делегација на Пентагон во Македонија


Делегација на Пентагон во Македонија
Делегација на Пентагон во Македонија

Групата на чело со заменик-помошникот секретар за одбрана Џозеф Мекмилан на редовни годишни билатерални одбранбени консултации

Тридневната посета на висока делегација на Пентагон предводена од заменик-помошникот секретар за одбрана Џозеф Мекмилан на Македонија е дел од редовните годишни билатерални консултации за јакнење на соработката на полето на одбраната.

Мекмилан е задоволен од напредокот на Македонија, оценувајќи го на ниво на земја-членка на НАТО.

„Македонија направи значителен напредок во споредба со последната ваква средба, а се разбира голем напредок од првиот пат. Ова е доказ за посветеноста на Македонија да работи во создавање на стабилен, безбеден и мирен свет, а во исто време показател на одговорноста на земјата и нејзината подготвеност за станување на полноправна членка на НАТО. Денешните разговори на еден начин ќе постават насока во движењето на натамошната билатерална соработка меѓу двете земји“, рече Мекмилан.

Македонија, пак, е задоволна од односот на својот парнтер САД и од донираната опрема и од обуката на македонските војници и програмите за приближување на армиските стандарди.

„Денес на дело можеме да ги видиме македонските војници рамо до рамо со американските војници како учествуваат во одредени мисии во Авганистан. Со сигурност може да се каже дека Република Македонија е партнер на кој може да му се верува“, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски.

XS
SM
MD
LG