Линкови за пристапност

Пентагон го стега ременот – затвора цела команда


Пентагон го стега ременот – затвора цела команда
Пентагон го стега ременот – затвора цела команда

Норфолк е дом на најголемата морнаричка база во светот. Благодарение на неа во околината никнуваа населени места и бизниси

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс деновиве најави укинување на една од главните командни единици на американската армија заедно со други чекори за кратење на буџетот. Командата на здружените сили, како што е наречена, вработува околу 6.000 лица во близина на Норфолк, Вирџинија. Локалното население е загрижено како стегањето на ременот ќе се одрази на нивниот живот во целина.

Норфолк е дом на најголемата морнаричка база во светот. Благодарение на неа во околината никнуваа населени места и бизниси.

Локалните бизниси едноставно зависат од армијата, коментира професорот по економија од Норфолк, Винод Агарвал.

„40 до 45 проценти од економијата се директно или индиректно поврзани со она што се случува со Пентагон. Кога Пентагон ќе ги скрати трошоците, тоа се чувствува насекаде“ вели Агарвал.

Командата беше основана во 1999-та за да развие подобра соработка меѓу различните сили. Нејзиното укинување е во рамки на планот на Пентагон да ја намали бирократијата и трошоците. Кратења во армискиот буџет во регионот имало и порано, но никогаш волкаво. Го затекна и самиот градоначалник на Норфолк, Пол Фреим, кој вели дека најверојатно било поефтино да се скрати на едно место отколку оваму-онаму.

Локалните бизниси се загрижени. Ренди Виндли, сопственик на ресторан во Норфолк очекува загубата на работни места особено да ги погоди малите бизниси.

Секретарот Гејтс планира да ја укине командата во текот на наредната година и ветува дека тоа ќе создаде повеќе средства за изградба на морнарички бродови во Вирџинија, што пак би отворило нови работни места. Политичарите од Вирџинија се противат на растурање на командата, но се чини дека имаат мали шанси да сторат нешто околу тоа.

XS
SM
MD
LG