Линкови за пристапност

Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници


Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници
Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници

Под мотото „Реформите ќе победат“, младиот Саздов е кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од изборната единица 8 - Канада и Америка.

Пред македонските иселеници од Вашингтон, Саздов се заложи за формирање на американско-македонска стопанска комора и олеснување на постапката за македонско државјанство.

Во кафуле во универзитетската област во Вашингтон, 27-годишниот Павле Саздов, информатичар на постдипломски студии, кој веќе 11 години живее во Торонто, на македонските иселеници им говореше зошто да гласаат за него.

„Јас веќе претходно бев навлезен во политиката. Минатата година работев како државен секретар при Министерството за информатичко општество на Република Македонија. Единствена причина што решив да се кандидирам за пратеник од дијаспората е бидејќи ја сакам Македонија и сметам дека можам многу да сторам за нашите иселеници кои живеат во Северна Америка, како и да работам на решавање на нивните проблеми“, вели Саздов.

Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници
Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници
Смета дека има повеќе има шанси на изборите со ВМРО-ДПМНЕ зад него, отколку како независен кандидат.

„Клучна заложба во мојата програма е да работам на процесот на добивање државјанства и пасоши за сите македонски иселеници во Северна Америка, што важи за еден од главните проблеми на овој континент, но и на зголемување на соработката во полето на културата, образованието, изучувањето на македонскиот јазик“, коментира Саздов.

Иселениците се заинтересирани да инвестираат во Македонија, особено во преработката на метали, продажбата и производство на автоделови, телекомуникациите, вели кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Саздов со став „дека сепак треба да се продолжи тој процес во рамки на ОН во правец на изнаоѓање разумен компромис и решение за проблемот“.

Саздов најавува дека личните ставови и убедувања ќе ги стави над партиските, затоа што приоритет му се потребите на иселениците во целина. Кампањата ја започна и ќе ја заврши во родниот Торонто, а беше и во Детроит, Чикаго, Њу Џерси, Виндзор, Кембриџ.

XS
SM
MD
LG