Линкови за пристапност

Aмериканците веруваат во паранормални феномени


Aмериканците веруваат во паранормални феномени
Aмериканците веруваат во паранормални феномени

Истражувањето на јавното мислење покажа дека две третини од жителите на САД веруваат во постоење на духови, посетители од други планети, астрологија и во други паранормални феномени.

Туристи доаѓаат во историското градче Џеферсон во сојузната држава Тексас одат по стапките на духови. Туристичките водичи раскажуваат приказни за градби опседнати со духови.

Посетителката од соседниот град Шревенпорт, Луизијана, која се претстави како Џејми, верува дека духовите може да докажат дека постои живот после смртта:

„Отсекогаш сум верувала дека има нешто по смртта. Не знам дали сме ние „заглавени“ овде, на Земјата, или има нешто што ние не го знаеме“, вели Џејми. Некои луѓе, може да го сметаат верување за постоењето духови како неверојатно. Но, тоа не е точно, според психологот Брајан Кронк од државниот универзитет Сент Џозеф, во Мисури:

„Не станува збор за ништо абнормално, во било која форма“, категоричен е тој.

Кронк ги насочува студентите да истражуваат зошто некои луѓе веруваат во паранормални појави. Тој вели дека во природата на човекот е да трага по одговори за длабоки прашања:

“Една од работите кои ги прави човечкиот мозок, а што не го прават животните, е секогаш да се обидува да ја предвиди иднината и да најде објаснување за случувањата во минатото, што води кон заклучоци за причините на некои појави“, смета овој психолог.

Друг истражувач, кој на паранормалните верувања им пристапил од научен аспект, е професорот по социологија Карсон Менкен од Универзитетот Бејлор во Вако, Тексас. Тој и неговите колеги нашле дека луѓе кои веруваат во вакви феномени се вообичаено - обични граѓани:

„Тие имаат нормална работа, семејства, си ги плаќаат навреме сметките. Но тоа се лица кои имаат чудно хоби“, вели Бејлор.

Менкен и двајца колеги од Универзитетот Бејлор лани објавиле книга со наслов „Паранормална Америка“ која истражува податоци за луѓе со разни паранормални верувања.

На пример, тие пронашле дека мажите повеќе веруваат во вселенски вонземјани отколку жените, но жените пак, повеќе се приклонуваат кон гатачки и разни спиритуални појави.

Менкен вели дека денешните паранормални верување се поттикнати и со бројните филмски и ТВ-програми за духови и вонземјани:

„Погледнете колку се присутни овие појави на телевизијата. Се прават реалити-шоуа за паранормални работи. Има телевизиски мрежи кои се специјализирани само за паранормални работи. Тоа станува дел од нашата култура“, вели Менкен.

Тој додава дека фактор е и фактот што САД се составени од многу националности и култури со паранормални верувања, кои ги додаваат „нивните духови“ во светот на паранормални појави.

XS
SM
MD
LG