Линкови за пристапност

Панета бара НАТО-членките да ги здружат средствата


Панета бара НАТО-членките да ги здружат средствата
Панета бара НАТО-членките да ги здружат средствата

Предупреди дека САД повеќе не ќе може да ги покриваат буџетските дупки за операции како оние во Либија и Авганистан

Секретарот за одбрана Леон Панета ги предупреди колегите во НАТО дека повеќе не можат да сметаат САД да го покриваат недостатокот на средства што ги загрозува мисиите на Алијансата во Либија и Авганистан.

Тој ова го кажа на денешната средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, посветена на тековната мисија во Либија, војната во Авганистан и изнаоѓањето на неопходни средства во време кога земјите-членки се соочуваат со буџетски кратења.

Во својата прва посета на Европа откако во јули стапи на функцијата секретар за одбрана, Панета рече дека НАТО-членките мора да соработуваат потесно од кога и да е` порано и да ги здружат средствата за мисиите на Алијансата. Пентагон е пред кратење на буџетот од 450 милијарди долари во наредните 10 години, а можни се и дополнителни ограничувања што би биле разорни по безбедноста во САД и во странство, предупреди Панета. Тој го смета падот на поранешниот либиски водач Моамар гадафи како пример зошто НАТО е важен чинител.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја оцени мисијата во Либија како голем успех, но и тој, и Панета сметаат дека истовремено открила слабости во набљудувањето, разузнавањето и полнењето на авиони со гориво во воздух.

XS
SM
MD
LG