Линкови за пристапност

Пакистан ќе им дозволи на САД да ги испрашуваат вдовиците на Осама бин Ладен


Пакистан ќе им дозволи на САД да ги испрашуваат вдовиците на Осама бин Ладен
Пакистан ќе им дозволи на САД да ги испрашуваат вдовиците на Осама бин Ладен

Се очекува разговорот со жените да расветли елементи за функционирањето на терористичката мрежа на Ал-Каида

Американски официјален претставник соопшти дека Пакистан наскоро ќе им дозволи на американските инспектори да ги испрашуваат трите жени на Осама бин Ладен кои биле со лидерот на Ал-Каида кога бил убиен во Пакистан минатата недела.

Неговите жени, две Саудијки и една Јеменка со нивните деца се наоѓаат во притвор во Пакистан по акцијата на 2-ри мај од страна на американските командоси. Американски официјални лица велат дека интервјуата, како и доказите кои биле запленети од седиштето на бин Ладен во Аботабад може да обезбедат важни детали за терористичката мрежа на Ал-Каида.

Пакистанското министерство за надворешни работи објави дека допрва треба да прими формално барање од САД за пристап до роднините на бин Ладен. Други официјални лица велат дека не се донесени одлуки за ова прашање.

Во меѓувреме, анонимни пакистански официјални лица за изјавија дека еден од синовите на бин Ладен се води како исчезнат по американската операција во која беше убиен бин Ладен. Официјални лица велат жените на бин Ладен им рекле на испекторите дека еден од синовите се води како исчезнат по упадот во куќата. Белата куќа, пак, соопшти дека еден од синовите на бин Ладен, Калид, бил убиен во нападот на командосите.

Осама бин Ладен бил женет пет пати и имал најмалку 18 деца.

Во порака која била пренесена од друг син на бин Ладен, Омар, и која била ставена на интернет-страница на милитантите, тој ги критикува САД за начинот на кој е убиен неговиот татко и погребан во море. Омар бин Ладен вели дека таквиот акт е „навредлив и понижувачки“ за семејството и поддржувачите на лидерот на ал-Каида, и ги повредува „религиозните чувства на стотици милиони Муслимани“.

XS
SM
MD
LG