Линкови за пристапност

Пакистан: не ни е потребна американската помош


Пакистан: не ни е потребна американската помош
Пакистан: не ни е потребна американската помош

Белата куќа претходно сооопшти дека укинала 800 милиони долари за пакистанската армија

Одлуката на САД да ја укинат помошта од 800 милиони долари за армијата на Пакистан нема да се одрази на нејзините операции, соопшти армискиот портпарол, генерал-мајорот Атар Абаз. Тој понеделникот изјави дека армијата може да ги врши задачите без надворешна поддршка.

Ден претходно, шефот на Кабинетот во Белата куќа Вилијам Дејли за ТВ-мрежата АБЦ кажа дека САД решиле да го укинат пакетот-помош за Пакистан. Дејли рече дека Пакистан е важен сојузник во борбата против тероризмот, но дека земјата презела одредени чекори што биле причина Вашингтон да задржи дел од армиската помош. Тој не даде детали.

Медиумите цитираат американски претставници дека потегот е реакција на пакистанската одлука да ги протера американските армиски обучувачи и да воведе визни ограничувања за американскиот армиски персонал.

Аналитичарите наведуваат дека потегот има за цел и да изврши притисок врз пакистанската армија да ја подобри соработката со американските сили во борбата против милитантите.

Пакситан неделата ги повика САД да ги споделат информациите за тоа каде се наоѓа новиот водач на Ал-Каида Ајман ал-Завахри. Барањето уследи откако секретарот за одбрана Леон Панета за време на посетата на Кабул кажа дека Вашингтон верува дека Ал-Завахри се крие во пакистанските полуавтономни племенски области на границата со Авганистан.

Односите Вашингтон-Исламабад се затегнати од рацијата на американските специјални сили на 2-ри мај во северен Пакистан во која го убија водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен.

XS
SM
MD
LG